logo
logo
logo

Ковачки пред претседателите на Собранијата на земјите членки на НАТО

„Членството на Македонија во НАТО не претставува само надворешнополитички успех, туку потврда на стратешката определба за припадност“

Vecer | 20.06.2025

„Членството на Македонија во НАТО не претставува само надворешнополитички успех, туку потврда на стратешката определба за припадност“

Во заедничка организација на белгискиот Сенат и белгискиот Претсавнички дом, денес во Брисел, Кралство Белгија, се одржа 70. јубилеен Самит на Парламентарното собрание на НАТО.

Претседателот на Делегацијата на Собранието на Република С. Македонија во Парламентарното собранието на Северноатлантската договорна организација, Драган Ковачки, се обрати на свечената седница по повод 70-годишнината од основањето на ПС на НАТО, нагласувајќи ја важноста на ова тело како столб на демократскиот дијалог во рамките на Алијансата.

Во своето обраќање, тој истакна дека членството на С. Македонија во НАТО не претставува само надворешнополитички успех, туку потврда на стратешката определба за припадност кон евроатлантското семејство и резултат на долгорочни реформи и демократска посветеност.

„Собранието на РСМ имаше клучна улога во тој процес – преку тешки реформи, политички консензус и зајакнување на демократскиот надзор. Денес, продолжуваме да го негуваме тој дух и да придонесуваме кон стабилноста и вредностите на Алијансата“, истакна тој.

Пратеникот и членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки истакна:

„НАТО не е само воен сојуз, туку и жива заедница на демократските нации. Со децении нашите парламенти работеа на обезбедување транспарентност, одговорност и дека гласот на нашиот народ е слушнат. За мојата земја, патот кон НАТО беше долг, а понекогаш и неизвесен, но секогаш воден од убедување, реформи и верба во заедничка евроатлантска иднина“, вели Ковачки.

Ковачки посочи дека нашиот глас е обликуван од отпорност и трансформација. Тој посочи дека НАТО ја одразува демократската волја на нашите нации.

„Како земја од Југоисточна Европа, нашиот глас е обликуван од отпорност и трансформација. Ние сме доказ дека вратата на ЕУ останува отворена и дека демократијата е патот кон мирот. Во денешниот свет на дезинформации, нестабилност и конфликти, улогата на нашите парламенти е да ја бранат вистината и да се осигураат дека изборите на НАТО ја одразуваат демократската волја на нашите нации“, дециден е Ковачки.

Обраќањето заврши со повик за заедничка посветеност кон солидарноста, одговорноста и колективната одбрана, при што С. Македонија го реафирмираше својот ангажман како доверлив и активен сојузник.

Во рамките на отварањето, воведни излагања имаа претседателот на Сенатот на Кралство Белгија Винсент Блондел, претседателот на Претставничкиот дом на Белгија Петер Де Ровер и Маркос Перестрело , претседател на ПС НАТО.

Во своите обраќања, тие ја истакнаа историската улога на НАТО во зачувувањето на мирот и стабилноста во евроатланскиот простор, како и заложбата на Белгија за унапредување на единството, вредностите и безбедносната соработка меѓу сојузниците.

Настанот продолжи со обраќања на високи претставници на земјите членки на НАТО кои имаа можност да ги споделат своите ставови за актуелните безбедносни предизвици,приоритетите на Алијансата и идните насоки на заедничко дејствување.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk