logo
logo
logo

МВР И ДАДЕ БЕК-АП НА НАРОДНАТА БАНКА: Потпишан договор за информатичката инфраструктура на Народната банка

Vecer | 08.07.2025

МВР И ДАДЕ БЕК-АП НА НАРОДНАТА БАНКА: Потпишан договор за информатичката инфраструктура на Народната банка

Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски потпишаа договор со кој МВР отстапува простор на НБРМ во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет во работата во Прилеп, за колокација на информатичко-комуникациска опрема на Народната банка.

- Центарот во Прилеп ќе се користи како дополнителна локација за информатичката инфраструктура на Народната банка, со што продолжува зајакнувањето на отпорноста и унапредувањето на сигурноста на информацискиот систем, особено во случај на кризни настани предизвикани од природни непогоди и кибер напади.

Центарот претставува резервна база (back-up) за клучните и витални информациски системи во земјава, која обезбедува нивно непречено функционирање во случај на прекин или закана за примарниот систем.

Истовремено, гарантира безбедно чување на податоците при природни непогоди или катастрофи предизвикани од човечки фактор и овозможува компатибилна размена на информации со другите институции, соопшти Тошковски.

Покрај Министерството за внатрешни работи, Центарот го користат и повеќе други државни институции, како што се Центарот за управување со кризи, Државниот завод за статистика и Царинската управа. Интерес за користење на Центарот имаат изразено и бројни министерства и агенции, а истовремено постои отвореност за соработка со сите останати институции и релевантни субјекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk