logo
logo
logo

УШТЕ ЕДЕН ПОЧИНАТ со западнонилска треска во земјава

Vecer | 21.09.2026

УШТЕ ЕДЕН ПОЧИНАТ со западнонилска треска во земјава

Шеесет и шестгодишен кумановец кој бил со коморбидитети е последниот смртен случај со западнонилска треска во државата.

Директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана денеска во изјава за медиуми рече дека 66-годишниот пациент бил 28 дена хоспитализиран на оваа клиника. Бил со потешка клиничка слика.

Директорот информираше дека досега биле хоспитализирани 66 пациенти, сега во моментов 11 се на Инфективна, од кои едно лице е со потешка клиничка слика.

-Последен прием на лице со западнонилска треска на Инфективна е од 19 септември, овој викенд - одговори директорот на новинарско прашање.

Ова е девето лице кое му подлегна на вирусот на западнонилска треска во државава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk