logo
logo
logo

Црн чад го покрива небото над Скопско – нов пожар избувнува на депонијата во Визбегово

Vecer | 09.07.2025

Црн чад го покрива небото над Скопско – нов пожар избувнува на депонијата во Визбегово

Густ црн чад се шири кон Скопско откако вчера избувна нов пожар на депонијата во Визбегово, која, поради силниот ветер, брзо гори. Пожарот предизвика вознемиреност кај скопјани, кои масовно испраќаа видеа и фотографии од различни делови на градот, каде што на небото беше видлив густ чад.

Од поголемиот дел од Скопско – Центар, Карпош, Ѓорче, Бутел – граѓаните се вознемирени од непријатната миризба и загадениот воздух, а облакот што се крева од правец на Визбегово е забележлив дури и од голема далечина.

– На терен беа испратени четири противпожарни возила, кои заедно со две возила од ЈП „Комунална хигиена“, интервенираа за гаснење на пожарот - информира командантот на ТППЕ во Градот Скопјe, Звонко Томески.

Според првичните информации, пожарот избувнал рано наутро на дива депонија во близина на Визбегово. Ветерот дополнително ја влошува ситуацијата, бидејќи пожарот се шири брзо, а огнот е концентриран во урбаните средини на Скопско.

Властите апелираат до граѓаните да се воздржат од движење во близина на локацијата и, доколку е можно, да останат во затворен простор со затворени прозорци, додека се преземаат мерки за справување со ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk