СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ, најави премиерот Мицкоски

Vecer | 23.11.2026

СТУДЕНТСКИОТ ОБРОК ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ, најави премиерот Мицкоски
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Студентскиот оброк ќе биде зголемен, а Владата работи на иновативно дигитално решение преку апликацијата „Е-услуги“, кое, покрај зголемувањето на средствата за оброк, ќе им овозможи на студентите и дополнителни привилегии - најави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на новинарско прашање во врска со зголемувањето на студентскиот оброк, Мицкоски посочи дека концептот на Владата е поширок од самото зголемување на средствата што студентите ги добиваат за оброк и дека целта е значително подобрување на студентскиот стандард.

- Третата мерка, а тоа е оброкот, кој е многу популарен, гледам некои од политичките партии жестоко го злоупотребуваат, што не би требало така да биде, но како и да е, тоа останува на нивната чест и совест, но она што ние како Влада сакаме да го постигнеме е во голема мера да го подобриме стандардот на студентите. Сега зборувам за студентскиот стандард и за студентскиот оброк - рече Мицкоски.

Премиерот појасни дека Владата сака да го реши прашањето на поинаков и иновативен начин преку апликацијата „Е-услуги“. Според најавата, студентите не само што ќе добијат зголемување на сумата што ќе ја користат за обезбедување на оброкот, туку преку апликацијата ќе може да добиваат и други привилегии што досега не им биле достапни.

- Ние цениме дека на овој начин драматично ќе го олесниме студирањето и ќе го подобриме студентскиот стандард. Работиме на апликацијата, работиме со колегите од Генералниот секретаријат, од министерствата за дигитална трансформација, за образование и наука и за финансии и очекувам многу бргу да излеземе со ова иновативно дигитално решение, кое го нема во Европа. Ниедна држава во Европа нема ваков тип решение што ќе го имаат македонските студенти - изјави Мицкоски.

На прашањето за колку приближно ќе биде зголемен студентскиот оброк, Мицкоски рече дека во моментот се работи на решението и дека информацијата ќе биде соопштена многу бргу.

- Работиме во моментот и многу бргу ќе излеземе со информација затоа шт

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk