ПРИСТИГНАА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП

Vecer | 23.11.2026

ПРИСТИГНАА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ ГРИП
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Дополнителните над 26.000 дози вакцини против сезонски грип се пристигнати и се дистрибуираат до вакциналните пунктови во државата. Вакцина против сезонски грип заклучно со денеска примиле 28.035 граѓани, а преку електронската пријава „Мој термин“ се пријавени вкупно 79.011 лица - информираа за МИА од Министерството за здравство.

Закажани се, наведуваат од Министерството, 54.778 термини, од кои 23.225 претстојат во наредниот период, 

Реализацијата на веќе поминатите термини изнесува 88,9 отсто. Вакцинацијата е бесплатна и се спроведува на 31 вакцинален пункт. Приоритет имаат лицата над 65 години, хроничните болни, здравствените работници, бремените жени и децата на возраст од шест месеци до пет години, посочуваат од Министерството за здравство.

Воедно, ги повикуваат граѓаните од ризичните групи да ја искористат вакцинацијата, а граѓаните што добиле СМС со термин, а се спречени да дојдат, да го откажат терминот за да биде достапен за друг пациент.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk