logo
logo
logo

ПРЕДИСТРАГА ПО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Локацијата е обезбедена, на терен се инспектори, обезбедени се снимки, документација...

Vecer | 12.07.2025

ПРЕДИСТРАГА ПО ПОЖАРОТ ВО ВИЗБЕГОВО: Локацијата е обезбедена, на терен се инспектори, обезбедени се снимки, документација...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје издаде повеќе наредби за испитување на последиците од пожарот што се случи на 9 јули во отпад во Визбегово, а во предистражната постапка се вклучени стручни лица од повеќе области. Се испитуваат сомненија за евентуално кривично дело и загрозување на животната средина со отпадни материи.

Според ЈО, локацијата е обезбедена, а на терен се инспектори од одделот за економски криминал на МВР. Обезбедени се снимки од видео надзор кој се прегледува и се анализира.

Увид извршија и инспекциски служби за животна средина, а во постапката се ангажираат и вешти лица од областа на екологијата.

По барање на јавниот обвинител, веднаш по настанот беше активиран и тим од четата за атомско биолошка и хемиска одбрана на АРМ кој собра примероци и изврши мерења на токсичните материи во воздухот во Скопје, а резултатите треба да бидат доставени до обвинителството.

Прибавена е и целокупната документација поврзана со работата на отпадот и дадени се насоки за да се извршат разговори со лица за да се утврди каков точно отпад бил складиран на локацијата и дали се почитувани законските прописи и дозволи за работа.

Двете лица кои по пожарот нападнаа новинарска екипа и натаму се во притвор во постапка и за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk