logo
logo
logo

Министрите од Владата ќе користат одмор од 5 до 15 август

Vecer | 22.07.2025

Министрите од Владата ќе користат одмор од 5 до 15 август

Премиерот Христијан Мицкоски, денес одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на меморандумот за разбирање со турската компанија „Казанџи холдинг АС“ кажа дека Владата ќе биде на одмор во тој период, а по годишните одмори официјално ќе го соопшти начинот на кој владината коалиција ќе настапи на претстојните локални избори.

Што се однесува до владината коалиција и настапот на следните локални избори разговорите се исклучително конструктивни, се движат во позитивна насока. Очекувам таму некаде, условно кажано, после годишните одмори да имаме и официјално соопштение до јавноста. Очекувам Владата помеѓу петти и 15 август да биде на годишен одмор, тие десетина дена. Анализите во тој период ќе траат, разговорите ќе траат и веднаш после 15 август, еве да речеме втората половина на август месец и тоа да се официјализира – рече премиерот Мицкоски.

Разговорите за изборите во владината коалиција Мицкоски вели дека се веќе завршени, а сега се прават анализи за идни потенцијални коалициски партнери. Извесно е дека владините коалиционери ќе имаат свои советнички листи во сите, ќе се поддржуваат во делот на градоначалниците.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk