logo
logo
logo

ЦЕЛТА Е 300 МЕТРИ ПОД ВОДА: Во пештерата Врело започна експедиција за нов светски рекорд!

Vecer | 13.10.2026

ЦЕЛТА Е 300 МЕТРИ ПОД ВОДА: Во пештерата Врело започна експедиција за нов светски рекорд!

Во подводната пештера Врело во кањонот Матка во тек е спелеонуркачка експедиција чија цел е да се надмине досегашниот рекорд од 287 метри и да се истражат длабочини од 300 метри или повеќе во еден од најдлабоките подводни пештерски системи во Европа и светот.

Од Спелеонуркачкиот клуб „Врело“ информираат дека експедицијата се реализира од 10 до 17 октомври и претставува обид за понатамошно истражување на подводниот систем на пештерата.

Пештерата Врело досега беше предмет на повеќе значајни истражувања. Италијанскиот нуркач Луиџи Касати достигна длабочина од 212 метри, полскиот спелеонуркач Кшиштоф Старнавски 242 метри, додека во 2025 година полскиот нуркач Бартломиеј Питала со својот тим достигна 287 метри со кои пештерата во моментов е рангирана како трета најдлабоко истражена подводна пештера во светот, по Фонт Естрамар во Франција (312 метри) и Елефанте Бјанко во Италија (292 метри).

Експедицијата „Врело 2026“ се одржува под генерално покровителство на претседателката Гордана Силјановска-Давкова. Поддршка на терен обезбедуваат припадници на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, а во приправност се и хеликоптерската единица на МВР, службите за итна медицинска помош и Црвениот крст. Во подготовките учествувале и единици на Генералштабот на Армијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk