logo
logo
logo

ФИЛИПЧЕ ПРЕКУ ЗЕМОН ВО ДИРЕКТНА ВРСКА СО АНТИМАКЕДОНЕЦОТ СТОЈАНОВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 25.05.2026

ФИЛИПЧЕ ПРЕКУ ЗЕМОН ВО ДИРЕКТНА ВРСКА СО АНТИМАКЕДОНЕЦОТ СТОЈАНОВ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Специјалниот пратеник на Румен Радев, Венко Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија поради неговите антимакедонски ставови, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Филипче е соработник со Виктор Стојанов кој се залага за промоција на бугарскиот идентитет, историја и култура во Македонија. Неговите јавни настапи се насочени кон негирање на македонскиот јазик и националната посебност, промовирајќи ја тезата дека Македонците и Бугарите се еден ист народ. Поради неговите ксенофобични односи, тој е означен како закана за националната безбедност од македонските власти и има забрана за влез во земјата.

Филипче е соработник со човек кој ја негира Македонија, односно вели дека сме еден народ со Бугарите во две држави.

Филипче е соработник со човек кој ни го негира идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Филипче е директен соработник на Бугарија во Македонија, преку бугарските мисии на министерката Петрова Чамова.

Специјалниот бугарски пратеник во Македонија, Венко Филипче е единствениот кој бара внесување на Бугари во Устав без гаранции дека тоа е последниот чекор за влез во ЕУ.

Венко Филипче со ваквиот однос кон Македонија си ја запечатува својата политичка кариера“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk