logo
logo
logo

Мицкоски најави ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 2.000 ДЕНАРИ

Vecer | 17.07.2025

Мицкоски најави ЛИНЕАРНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЗА 2.000 ДЕНАРИ

Мицкоски во Само интервју на Канал 5 најави линеарно зголемување на пензиите и тоа 1.000 денари во октовмри и уште 1.000 денари во април за мартовската пензија.

Во тек се анализи во Министерството за финансии и за труд и социјална политика, каде што се прават пресметките, но како што рече Мицкоски ќе има линеарно зголемување на пензиите во наредниот период.

„Сериозно сме ангажирани во таа анализа, правиме проценка колку би било тоа процентуално зголемување, колкав би бил волуменот на парична маса, да го поделиме со бројот на пензионери. Правиме анализа линеарно да се зголемат пензиите по 1.000 денари сега на есен во октомври кога ќе ја земат пензијата, и во април за март практично, односно 2.000 да има зголемување линеарно за сите пензионери во рамките на следните шест месеци.

Сериозно сме во таа анализа и многу скоро, бидејќи тоа мора да се случи пред распишувањето на изборите, дали преку закон со скратена постапка или преку група пратеници ќе го поднесеме тоа“, рече Мицкоски.

Премиерот Мицкоски посочи дека секаде каде оди и разговара со пензионерите тие бараат линеарно зголемување и затоа Владата е многу блиску до носење на таква одлука.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk