logo
logo
logo

19 октомври како најверојатен датум за првиот круг

ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА АВГУСТ Гаши ќе ги распише локалните избори

Vecer | 07.07.2025

ВО ПРВАТА ПОЛОВИНА НА АВГУСТ Гаши ќе ги распише локалните избори

Претседателот на Собранието, Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите најави дека локалните избори ќе ги распише во првата половина од август.

Прашан дали ќе ги распише на 8 август, Гаши нагласи дека е возможно и оти се ќе биде во рамките на предвидените рокови.

-Може да се распишат на 8 август. Се ќе биде во рамките на роковите. Изборниот законик има две одредби по кои се водиме. Прво е одредбата да не биде повеќе од 90 или помалку од 70 дена. Втората ориентациона точка е Законот за локална самоуправа каде се вели дека изборите треба да се одржат во втората половина на октомври. Во рамките на овие два периода, ќе ги распишеме избори. Најверојатно во првата половина од август – рече претседателот на Собранието.

Околу измените на Изборниот законик кои се во собраниска постапка, Гаши потенцира дека чека одговор од пратеничките групи да го известат дека се договориле за да може законот да оди во процедура.

-Немаме најава за Изборниот законик. Се водат разговори помеѓу пратеничките групи, но јас не сум запознаен за тоа. Чекам знак од пратеничките групи дека се договориле и оти ќе може да оди во процедура Изборниот законик – рече тој.

Во врска во Бадентерово мнозинство, спикерот рече дека нема никаква промена.

-Нема промена околу Бадентерот. Останува истата формулација. За секој закон посебно пратениците од немнозинските заедници се изјаснуваат. Досега видовме дека неколку пати пратеници од немнозинските заедници кои се во опозиција гласаат за предлог на мнозинството. Тоа останува релативно – рече Гаши.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска го спомена 19 октомври како најверојатен датум за првиот круг на локалните избори. Тој објасни дека тоа се последните информации што доаѓаат од Собранието. Ќе бидат распишани на првата половина од август.

Во тој случај вториот круг би се одржал по две недели односно на 2 ноември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk