logo
logo
logo

КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА ЌЕ ЦВЕТААТ со вакво Обвинителство и републички обвинител

Vecer | 14.08.2025

КРИМИНАЛОТ И КОРУПЦИЈАТА ЌЕ ЦВЕТААТ со вакво Обвинителство и републички обвинител

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека борбата против криминалот и корупцијата не може да се води со вакво Обвинителство и републички обвинител. Институциите вели тој, постојано поднесуваат пријави за сторен криминал, но, нагласува обвинителството не презема ништо.

-Институциите преземаат мерки, доставуваат пријави, но треба обвинителството да преземе. Тоа е суштината. Не можете вие со ова обвинителство, со овој обвинител да очекувате резултати во борбата против корупцијата и криминалот. Можа да ги набројам можеби 100, 200 пријави од страна на институциите кои се доставени до обвинителството, таму нема никаков резултат така што треба обвинителството да преземе, изјави Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали не е време институциите да преземат мерки со оглед на тоа што Државниот завод за ревизија постојано објавува извешаи за криминали и недоследности.

Според премиерот Мицкоски, кој присуствуваше на увид на градежни активностои на патот од Климештица до Охрид, институциите постојано преземаат мерки, но, како што нагласи, тоа со овие обвинители, со овој обвинител е залудно.

Собранието на 29 јули, годинава со 71 гласа „за“ и без ниту еден „против“ и „воздржан“ ја прифати интерпелацијата за работата на Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од Левица.

Собранието изгласа и заклучок во кој констатира дека наводите во интерпелацијата за работата на државниот јавен обвинител Коцевски се основани, и кој требаше да се достави до Владата и до државниот јавен обвинител.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk