logo
logo
logo

ЗАЕВЦИ И КУЧИЊАТА ГИ ШЕТАЛЕ ВО ЊУЈОРК - Кој плаќал, а кој броел?

Vecer | 23.09.2026

ЗАЕВЦИ И КУЧИЊАТА ГИ ШЕТАЛЕ ВО ЊУЈОРК - Кој плаќал, а кој броел?

ВМРО-ДПМНЕ со фотографија возврати на критиките од СДСМ за актуелната македонска делегација во САД, тврдејќи дека во времето на поранешниот премиер Зоран Заев во Њујорк биле потрошени пари за непотребно голема делегација во која имало од советници, новинари „па до кучињата што ги шетаат по дома“.

Партијата набројува повеќе функционери од тогашната власт, меѓу кои Венко Филипче, Насер Нуредини, Бујар Османи и Нина Ангелова, како и советници и владини службеници.

„Таму и кучињата по дома ги земале на шетање во САД“, вели ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата прави директна споредба со сегашната владина посета на САД и тврди дека овојпат во делегацијата немало луѓе без потреба, ниту непотребни трошоци.

„Денес нема непотребни членови на делегацијата и нема луксузирање“, се наведува во соопштението.

Како аргумент за резултатите од посетата, ВМРО-ДПМНЕ ги посочува средбите на Мицкоски со американски функционери и неговото учество на Генералното собрание на Обединетите нации.

„На оваа посета уште еднаш беше потврдено и зацврстено стратешкото пријателство со САД и можностите ова пријателство да се претвори во инвестиции и економски развој“, порача ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека сегашната посета на премиерот Христијан Мицкоски е поинаква и како аргумент ги наведуваат средбите со американски функционери.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk