Балкански фестивал на народни песни и игри e меѓународна фолклорна манифестација во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од 3 до 6 јули 2026 година ќе го одбележи јубилејно 65-то реномирано издание како најстара фолклорна манифестација на Балканот на која се афирмираат културните достоинства на народите.
Фестивалот е под покровителство на Собранието на Република Македонија. Програмата е на високо ниво подржана од Министерството за култура и туризам и пријателите на фестивалот.
Програмата на фолклорните ансамбли ќе се одржуваат во големата сала во НУЦК „Григор Прличев“-Охрид со почеток во 20.30 часот, свеченото отворање на фестивалот е на 3-ти јули 2026 (петок) во терминот од 20.30 часот, со програмата на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“.
Програма Балкански фестивал 2026:
03.07/петок ОТВОРАЊЕ НА БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ -Билјана платно белеше Куд „Ѓердан од бисери“ Охрид -Целовечерен концерт на НУ.АНИП „Танец“ Скопје
04.07/сабота -Фолклорна група „Копачка“ -Драмче, Р.С.Македонија -ФС „Блажевски“- Скопје, Р.С.Македонија -ФА „Деволи“ -Корча, Р. Албанија -Куд „Отекс“- Охрид, Р.С.Македонија
05.07/недела -Куд „Тиквеш“- Кавадарци, Р.С.Македонија -Куд „Јане Сандански“- Неготино, Р.С.Македонија – ФА „Копривлен“- Хаџимидово, Р.Бугарија -ФА „Филиграни“- Охрид, Р.С.Македонија
06.07/понеделник ЗАТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ -Куд „Дримкол“ – Вевчани, Р.С.Македонија -Државен ансамбл на Хрватска „ЛАДО“ Загреб, Хрватска
Место: НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид / 20.30 часот
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата