logo
logo
logo

КРАЈ ЗА ВРСКИТЕ И ВЛИЈАНИЈАТА - Мицкоски со моќна порака пред амбасадорите и стопанствениците

Vecer | 03.07.2026

КРАЈ ЗА ВРСКИТЕ И ВЛИЈАНИЈАТА - Мицкоски со моќна порака пред амбасадорите и стопанствениците

Македонија влегува во нова ера на економски и општествен развој во која успехот на поединците и на компаниите нема да зависи од политички привилегии, врски и влијанија, туку исклучиво од знаење, иновации и чесно работење. Ова е пораката што премиерот Христијан Мицкоски ја упати денеска пред бројните стопанственици, министри и амбасадори, дефинирајќи ја новата државна визија во која институциите конечно ќе престанат да бидат кочница и ќе станат вистински сервис на стопанството.

„Нашата визија е јасна - да изградиме држава во која успехот нема да зависи од привилегии, туку од знаење, држава во која институциите ќе бидат сервис на стопанството, држава која ќе биде препознаена по иновациите, по квалитетот на своите производи, по чесното работење и по конкурентната економија, држава која ќе биде доволно силна да ги издржи кризите и доволно мудра да ги препознае можностите што тие ги носат. Убеден сум дека имаме знаење, имаме капацитет, имаме стопанство кое сака да расте и имаме луѓе кои заслужуваат подобра иднина, порача Мицкоски.

Премиерот нагласи дека градењето на држава базирана на меритократија и чист бизнис-климат е единствениот начин за создавање економија која е доволно силна да ги издржи глобалните кризи, но и доволно мудра да ги искористи новите можности. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk