logo
logo
logo

ПОЖАРОТ КАЈ ЧУЧЕР - САНДЕВО е активен, хеликоптерите ќе продолжат да гасат изутрина, другите остануваат на терен

Vecer | 07.07.2025

ПОЖАРОТ КАЈ ЧУЧЕР - САНДЕВО е активен, хеликоптерите ќе продолжат да гасат изутрина, другите остануваат на терен

Пожарот кој е активен на територија на Чучер Сандево и покрај интервенциите од воздух, за жал сè уште е надвор од контрола, информира Центарот за управување со кризи вечерва.

Во текот на денешниот ден, на терен интервенираа сите расположливи сили и средства — општински служби, физички и правни лица, како и екипи од БППЗ, ДЗС, МВР и ЦУК. Сите капацитети се ангажирани, но условите на теренот се исклучително тешки.

-Голема е вознемиреноста кај населението, бидејќи чадот се проширува низ целата општина и селата Чучер, Мирковци, Глуво, Бразда, сè до Бутел. Истовремено, регистриран е и нов пожар во атарот на село Кучевиште, кој зафаќа голема површина и се наоѓа во близина на куќи.

Во раните утрински часови беше пружена воздухопловна поддршка со три летала, а попладнето со уште еден воздухоплов. Поради временските услови, се очекува пожарот во текот на ноќта делумно да се стиши, што би овозможило поефикасно дејствување на теренот утре.

За утре е планирано акциите да започнат уште во 5:00 часот, со ангажирање на сите институционални и општински сили на целата зафатена површина, со поддршка од два воздухоплова на МВР.

Во вечерните часови, екипите ќе останат на терен и ќе интервенираат согласно приоритетите и потребите, посочуваат од ЦУК.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk