logo
logo
logo

МПЦ-ОА ГИ КАНИ ВЕРНИЦИТЕ ВО ОХРИД НА МОЛИТВЕНО УЧЕСТВО ВО ГОЛЕМИТЕ И БЕЛЕЖИТИ НАСТАНИ: Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули и Божествена литургија со хиротонија и востоличување на 13 јули

Vecer | 10.07.2025

МПЦ-ОА ГИ КАНИ ВЕРНИЦИТЕ ВО ОХРИД НА МОЛИТВЕНО УЧЕСТВО ВО ГОЛЕМИТЕ И БЕЛЕЖИТИ НАСТАНИ: Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули и Божествена литургија со хиротонија и востоличување на 13 јули

По повод претстојните настани што ќе се одржат на 12 и 13 јули во Охрид, а кои се поврзани со наречението, хиротонијата и востоличувањето на новоизбраниот архијереј на Дебарско-кичевската епархија – архимандритот Георгиј (Ѓорѓевски), Кабинетот на ариепископот испрати соопштение кое го објавуваме интегрално:

„Почитувани верни чеда на Македонската православна црква – Охридска архиепископија,

Со неискажлива духовна радост, ве покануваме да земете молитвено учество во големите и бележити настани на нашата Света Црква:

– Наречение на новоизбраниот архијереј Дебарско-кичевски, архимандритот Георгиј – на 12 јули, во манастирот „Св. Климент Охридски и св. вмч. Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, со почеток во 17 часот;

– Божествена литургија со хиротонија и востоличување на новиот митрополит Георгиј – на 13 јули, во Катедралниот храм на Охридските Архиепископи „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 8:30 часот.

Овие благословени собитија се од непроценлива важност за сета полнота на нашата Света Македонска Црква.

Затоа, да се обединиме во молитва, за еднодушно да го прославиме Христа – нашиот Господ и Спасител“, се наведува во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk