logo
logo
logo

ПУШТЕН Е ВО УПОТРЕБА ЗАТВОРЕНИОТ БАЗЕН ВО КИСЕЛА ВОДА: уште четири до крајот на летото

Vecer | 28.07.2025

ПУШТЕН Е ВО УПОТРЕБА ЗАТВОРЕНИОТ БАЗЕН ВО КИСЕЛА ВОДА: уште четири до крајот на летото

Јас немам што да додадам повеќе од тоа веќе го кажаа и министерот и компанијата којашто го изгради овој објект и градоначалникот на Кисела Вода. Mожам само да им посакам долго да си го користат дечињата од ова основно училиште, но и сите основци од Општина Кисела Вода – изјави премиерот Христијан Мицкоски за време на отварањето на базенот од затворен тип кој се наоѓа во состав на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода..

Уште многу вакви проекти да завршиме. Многу е важно сето она што е почнато да се заврши, да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку и тоа да ни се допаѓало или не допаѓало во минатото. Пари се трошени од граѓаните и мора истото да се заврши за да може да биде ставено во функција за да може граѓаните да го користат.

Следат уште 4 коишто до крајот на летото од овој изведувач ќе треба да бидат пуштени во функција. Она што јас можам да го кажам е дека остануваме Влада којашто ќе биде Влада насочена кон реализација на проекти, реформи и влада којашто гледа во иднината. Нека е со среќа уште еднаш – рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk