logo
logo
logo

Петрушевски: Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира (ВИДЕО)

Vecer | 10.07.2025

Петрушевски: Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира (ВИДЕО)

Пожарите се подметнуваат намерно, а СДС се сити и се обидува да печали политички поени, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

„На неколку локации каде се локализирани пожари и во Скопско и низ државата се забележани гуми кои се фрлани со цел да се распламти и разгори пожарот. На одредени места пронајдени се и ракавици, а пред два дена во Чучер Сандево и дрва потопени во бензин.

Очигледно е дека како еден пожар се гаси, друг некаде веднаш се пали.

Институциите на системот макотрпно работат и ги гасат и локализираат пожарите секој ден. Од друга страна некој во државата сака истата да ја пеплоса“, додаде Петрушевски.

„Според информациите кои ги имаме, а ги објавија и институциите, одредени лица се веќе под истрага, а едно лице е лишено и од слобода.

И додека институциите се борат да ја заштитат секоја педа земја, СДС тера политика и се обидува да ќари некој политички поен.

Чудна е поврзаноста на пожарите и брзината на СДС да изреагира.

Народот многу добро гледа СДС што прави, и за тоа следува казна на изборите“, изјави Бране Петрушевски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk