logo
logo
logo

ОД КАТАКЛИЗМА ДО РЕФОРМИ во ОБРАЗОВАНИЕТО - Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието, рече Јаневска

Vecer | 24.06.2026

ОД КАТАКЛИЗМА ДО РЕФОРМИ во ОБРАЗОВАНИЕТО - Го запревме падот, сега го подигнуваме квалитетот на образованието, рече Јаневска

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска даде отчет за сработеното во изминатите две години, оценувајќи дека е запрен падот во образовниот систем и започнати се реформи за подобрување на квалитетот на образованието и науката.

Таа истакна дека се унапредени стручното и дуалното образование, во кое се вклучени околу 1.000 компании, а формирани се седум регионални центри за обука. Зголемен е бројот на стипендии, воведено е кариерно советување во основното и средното образование, а третта година по ред сите ученици ќе ги добијат учебниците на почетокот на учебната година.

Јаневска посочи дека е зголемена поддршката за учениците со посебни образовни потреби преку ангажирање на 1.350 образовни асистенти во основното и 150 во средното образование. Прифатени се и повеќе барања на студентите, меѓу кои проширување на субвенционираниот студентски оброк и нови категории стипендии.

Во образовната инфраструктура се инвестирани околу 70 милиони евра во повеќе од 90 проекти, вклучувајќи изградба и реконструкција на училишта, спортски сали и студентски домови. Воедно, во 160 училишта е поставена нова ИТ-опрема, а над 1.000 наставници се обучени за користење на вештачка интелигенција.

Министерката нагласи дека платите во образованието во првите две години се зголемени за 20 проценти и оти е потпишан договор за нивен раст од 40 до 60 проценти во следните четири години. Буџетот за високото образование е зголемен од 3 на 8 милијарди денари, додека буџетот за наука е речиси двојно зголемен.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk