logo
logo
logo

СДСМ Свети Николе:

ГО ОЧЕКУВАМЕ ДРУГАРОТ ЗАЕВ НА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН КРУЗЕР НА КАРИБИ, ХАВАИ ИЛИ ПАНАМА, а не со вакво јахтиче во Пефкохори

Vecer | 24.06.2026

ГО ОЧЕКУВАМЕ ДРУГАРОТ ЗАЕВ НА ИНТЕРКОНТИНЕНТАЛЕН КРУЗЕР НА КАРИБИ, ХАВАИ ИЛИ ПАНАМА, а не со вакво јахтиче во Пефкохори

Општинската организација на СДСМ во Свети Николе застана во одбрана на Зоран Заев.

Од СДСМ Свети Николе очекуваат другарот Заев да се слика на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не на мало јахтиче кое вреди стотици илјади евра.

,,Семејството Заеви преку 35 години има семејни бизниси кои се домашно и извозно ориентитани. Само претходната година, според завршните сметки компаниите на семејството Заеви имаат платено во државниот буџет данок на добивка од околу 10 милиони евра. На ова ако се додаде ДДВ, персонален данок, придонеси за вработени излегува дека компаниите плаќаат во фондовите и државниот буџет најмалклу околу 50 милиони евра годишно. Фирмите деловните односи ги имаат и внатре во државата, но претежно со извоз на производи кои се произведени во Македонија”, пишуваат од СДСМ Свети Николе.

Според нив скоро да нема држава во светот каде што ги нема овие македонски прозводи од преработени земјоделски производи.

,,Уплатените средства од овие фирми, како и од сите други, нормално се трошат за плати на администрацијата која е 90% составена од членови на ДПМНЕ, за патни трошоци, паушали, манго и папаја, правење прослави и журки, изнајмување авиони, исплати за паразити во Лотарија, подмитување на новинари, тендери, членување во управни и надзорни и др.

Ако се земе предвид колкави сопствени приходи и профити се прават само за една година во компаниите на Заеви очекувањата се да го видиме другарот Заев на интерконтинентален крузер на Кариби, Хаваи или Панама, а не да ги нервира вМороните со вакво јахтиче во Пефкохори”, сметаат од СДСМ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk