Одамна е општо познато дека струшкиот униеврзитет на Рамиз Мерко, градоначалник на ДУИ, е сомнителна компанија и образовна институција по сите основи. Рамиз Мерко дури се најде и на црната листа на САД, но ДУИ не се огради од него, а власта на СДСМ и ДУИ му дозволуваше и покриваше секаков вид сомнително работење.
Пред заминување, во 2024-та, владата на СДСМ и ДУИ на Мерко од црната листа му дадоа дозвола на неговиот универзитет да се студира - и медицина!
Меѓународниот универзитет во Струга, зад кој стои струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, доби нова образовна гранка, Факултет за здравствени науки. Вакво решение донесе министерот за образование и наука во заминување е Јетон Шаќири, кој по потекло исто така е од Струга и е сопартиец со Мерко во ДУИ.
Јавноста, особено стручната, реагираше но, без резултат. Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија добро упатен во работата на универзитеот на Мерко уште во 2023 година за медиумите изјави:

“Со одлуката на САД се покажа дека корупцијата има име и презиме – РАМИЗ МЕРКО! Но и неговите пипци, неговите кадри кои се дел од оваа група. Јас сум подготвен да помогнам на правдата во секој момент. Но, тешко со ова обвинителство кое има доверба од околу 3%. Исто така, не и со МВР затоа што кога им пријавував криминал за овие лица тие мене ме убедуваа дека ако тоа го сторат ќе им падне коалицијата. Е сега, нема да им падне коалицијата, туку ќе им падне владата. И ќе лежат долги години затвор!
Посебна одговорност треба да има за МВР и ЈО кои не го истражувале овој криминал со години и го ставале под тепих. Ееее, се чекаше од Америка да стигне глас! Но, дали тој глас го слушнале Али Ахмети, Артан Груби, Талат Џафери!!! Можеби ќе не изненадат со тоа што и тие може да се најдат на оваа листа до крајот на оваа година. И тоа заслужено, како и Мерко. Тие се иста тајфа, иста партија, исти цели и ист крај треба да имаат. “
Како да се чекаше промена на власта, сега предводена од ВМРО ДПМНЕ, за конечно работењето на Рамиз Мерко да биде барем истражено.
Во обвинителството, Финансиската полиција, Министерството за образование и наука, но и Европската комисија, Канцеларијата за борба против измами (OLAF) во Брисел и Делегацијата на ЕУ во Скопје стигнаа наводите на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, која излезе со соопштение во кое кажа дека имало индиции за сериозни пропусти и потенцијална злоупотреба на пари во врска со доделувањето средства на Меѓународниот универзитет во Струга.

Овој универзитет, според официјалните документи е во сопственост на „Еуро Колеџ“ ДОО од Струга, чии краен сопственик е Арменд Кадриу. Во сопственичката структура беше и Генц Мерко, син на градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, но годинава, тој формално го препушти сопственичкиот удел на парнерот Кадриу.
„Постапувајќи согласно своите надлежности, по споделена информација со Европската комисија, изврши вонредна проверка (ECHE Check) на исполнувањето на условите за користење на статусот „Erasmus Charter for Higher Education“ (ECHE) од страна на приватна високообразовна институција Меѓународен универзитет во Струга, поради основани сомнежи за евентуални неправилности во примената на принципите и критериумите на Еразмус+ програмата, а овозможени од внатрешно вработени лица во Агенцијата. За некои од нив, Европската Унија веќе констатирала “фамилизација” со корисници во делот на високото образование“, стои во соопштението.
Универзитетот претходно доби и лиценца за медицински науки, но истата беше одземена по промената на власта.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата