logo
logo
logo

„400 ПРИЈАВИ, БЕЗ ОДГОВОР“ - Мицкоски го повика Обвинителството да истражи за водата во Гостивар

Vecer | 29.07.2026

„400 ПРИЈАВИ, БЕЗ ОДГОВОР“ - Мицкоски го повика Обвинителството да истражи за водата во Гостивар

Над 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар во 2021 година, а Јавното обвинителство треба да отвори истрага. Ова го побара премиерот Христијан Мицкоски, кој тврди дека и покрај стотиците пријави, не биле преземени соодветни мерки за заштита на здравјето на граѓаните. 

Одговарајќи на критиките од опозицијата за состојбата во Гостивар, Мицкоски упати обвинувања кон СДСМ и поранешнтие здравствени функционери, посочувајќи дека случајот мора целосно да се истражи. 

Тој изјави дека во 2021 година, кога актуелниот претседател на СДСМ бил министер за здравство, а денешниот претставник на партијата директор во Институтот за јавно здравје, биле регистрирани над 400 пријави за неквалитетна вода во Гостивар.

„Го повикувам Обвинителството да ги провери овие наводи и да отпочне постапка за тоа зошто, кога имале можност, не презеле ништо за да го заштитат здравјето на гостиварци, но и на граѓаните во другите општини“, изјави Мицкоски.

Премиерот додаде дека очекува Обвинителството веднаш да постапи и да изврши проверки во Институтот за јавно здравје и во Агенцијата за храна и ветеринарство со цел да се утврдат сите околности поврзани со овие пријави.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk