logo
logo
logo

ШЕСНАЕСЕТ ПРОЕКТИ ВО ТЕК ВО ДЕЛЧЕВО - Мицкоски најави деблокада на општинската сметка

Vecer | 29.07.2026

ШЕСНАЕСЕТ ПРОЕКТИ ВО ТЕК ВО ДЕЛЧЕВО - Мицкоски најави деблокада на општинската сметка

Шеснаесет проекти во моментов се реализираат во Делчево, а до крајот на мандатот се очекува да биде одблокирана и општинската сметка. Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски, кој при денешната посета на општината истакна дека Владата продолжува со инвестициите и покрај финансиските предизвици со кои се соочува локалната самоуправа. 

„Во Делчево како што гледате се гради, како што се гради во суштина и на повеќе од 1.200 локации низ цела Македонија. Десетици проекти се реализираат овде во оваа општина и ја користам оваа прилика да му честитам на градоначалникот за навистина посветената работа којашто ја врши имајќи предвид со каков предизвици се соочува самата општина. Вие споменавте некој од нив како што е на пример блокираната сметка, но и тука не стојат работите и тука се придвижуваат во позитивна насока. Очекувам дека во овој мандат таа сметка ќе биде одблокирана за да може општината да функционира нормално. Би сакал да се заблагодарам и на советниците од советот којшто ја поддржуваат работата на градоначалникот, на администрацијата, сите тие се заслужни за да овој мозаик биде поинаков, односно да се гради тука и да се испорачува за граѓаните“, рече Мицкоски од Делчево.

Тој кажа дека Владата останува посветена на испорака кон општините, а преку општините кон граѓаните бидејќи, како што рече, градоначалниците се тие коишто се на првата линија заедно со граѓаните.

„Се разбира кога многу работи во минатото стоеле со децении, не можат преку ноќ да се променат, но добро е кога се оди приоритет по приоритет еве слушнавте и вие 16 проекти во моментов општината ги реализира преку онаа реалокација на финансиски средства од Владата кон општината, останатите од сопствени сили, од сопствен буџет ќе се реализираат“, рече Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk