logo
logo
logo

НА БОЛЕДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, А „СТОРИ“ ОД ИТАЛИЈА - Построги правила поради злоупотреби на боледувањата

Vecer | 23.09.2026

НА БОЛЕДУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА, А „СТОРИ“ ОД ИТАЛИЈА - Построги правила поради злоупотреби на боледувањата

Сите измени на правилникот за боледување, кои се планирани, се правени врз основа на компаративни анализи. Има бројни злоупотреби на боледувањата и целта на измените е тие да се спречат. Има ситуации во кои луѓе кои се на боледување, на инстаграм објавуваат фотографии од одмор во Италија, рече денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Тој посочи дека не сме се споредувале со робовладетелски земји, па да кршиме права, туку ова што се предлага е споредувано на пример со Словенија, каде законот бил донесен кога на власт била левицата, а не десницата.

- Од друга страна се загалам за олеснување на тие кои навистина се болни и имаат трајни дијагнози и кои нема да се променат, дали се онколошки или автоимуни или потешки дијагнози. Треба да ја релаксираме администрацијата каде е јасно дека дијагнозата е непроменлива, а малку повеќе да го оневозмжиме земањето боледување заради спојување на празници, заради одење на годишен одмор кога сакаме да одиме. Со законот не е предвидено да одиме на годишен одмор кога сакаме, има колку денови може да ги користиме кога сакаме сите ние, и вие како новинари и ние како политичари и земање на годишни одмори во јавна администрација да се работи на друго место. Имаме јавни примери каде луѓе кои се на боледување работат друга работа. Сакаме тоа да го сузбиеме, а не да малтретираме, рече Клековски

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk