logo
logo
logo

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го интересираат само личниот интерес, провизиите и тендерите, а не државата и граѓаните

Vecer | 21.09.2026

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче го интересираат само личниот интерес, провизиите и тендерите, а не државата и граѓаните

Венко Филипче, сега опозиција, зборува за непродажба на Македонија, а граѓаните паметат како со Зоран Заев на власт го продадоа името и го распродаваа идентитетот и националните интереси, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Додека Филипче зборува дека државата не е на продажба, откако со Заев потпишаа бланко бел лист хартија со бугарски барања, токму тој се нуди и го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Малку му се фирмите во Бугарија, па сега Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери, да зема проценти и провизии, односно да продолжи од таму каде што застана во владата на неговиот ментор Заев. Освен својот личен интерес и џеб, Венко Филипче друго не го интересира, ниту СДСМ, партијата што ја води, ниту државата, ниту граѓаните го интересираат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ,

Затоа СДСМ ја сведе на маргинална опозиција и на праг од биолошкиот минимум и е против сè што во државата значи инвестиции, развој и подобар живот на граѓаните, се додава во соопштението..

„Филипче сака само тој да има хациенди на Водно, стан во Дубаи, да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери. Сака провизија од 20% од набавката и поставувањето на модуларни болници, сакаше да ќари на ковид вакцини кои потоа на граѓаните ќе им ги продаваше по три пати повисока цена. Ова е вистинскиот Венко Филипче, кој сè што може се продаде и распродаде, како што со Заев ги распродаваа националните интереси, само за да дојде на власт. Да го спречи секој развој на државата и секоја инвестиција која ќе значи подобар животен стандард за граѓаните, за државата да стагнира само за тој да има тема за медиумско појавување. Одамна е прочитан Филипче дека освен неговиот интерес, ништо друго не го интересира, затоа и граѓаните и партиските членови и симпатизери не му веруваат, на избори за него не гласаат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk