logo
logo
logo

ОВДЕ СЕ Е КАЖАНО, и за Македонија и за Македонците. Одговор на сите дилеми и прашања

Vecer | 09.07.2025

ОВДЕ СЕ Е КАЖАНО, и за Македонија и за Македонците. Одговор на сите дилеми и прашања

Европратеници од Грција и Бугарија, под покривот на самата Европска Унија, експлицитно го негираа постоењето на македонскиот народ, неговиот јазик и идентитет, па повторно дури и нашето право на името Македонија.

Тоа, од патриотски и интелектуални причини, не смееме да го премолчиме, напиша на својот фејсбук-профил поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски.

„Овој настап не е спорадична и ретка реторичка или политичка екскурзија, туку е дел од долгогодишни државни стратегии на двете наши мили братски православни сосетки кои систематски произведуваат ‘научни’ трудови, правни акти и дипломатски притисоци чија крајна цел е сведување на македонскиот национален субјективитет на фолклорна географска аномалија.

Да повториме сосема гласно, не заради нас, туку заради изгубените вредности кај нашите соседи:

– прво, македонски народ постои;

– второ, македонски јазик постои;

– трето, тие имаат свој временски и географски континиум кои се подолги и поназад од последните сто години и се пошироки и поголеми од географските граници на модерната македонска држава;

– четврто, македонско малцинство постои и во Бугарија и во Грција;

– петто, на македонските малцинства во Бугарија и Грција, земји членки на човекољубивата ЕУ, не само што не им се признаваат основните човекови права, туку и им се забранети.

Самоприпишувањето како Македонец е jus naturale што ниту една демократска држава нема право да го суспендира. Тоа право не може да го суспендира ниту Грција, ниту Бугарија, ниту пак Република Македонија, па и какви договори тие да склучиле меѓу себе.

Исто така, карактеристиките на идентитетот кои стојат зад самоприпишувањето Македонец се природно право на секој човек и не може да се ограничува со никакви државни или меѓудржавни акти.

Република Македонија не е само административен ентитет, туку таа е conditio sine qua non на македонскиот историски проект.

Ако државата не го заштити секој Македонец, внатре и надвор од границите, ако не го заштитува природното право да се биде Македонец, тогаш таа и ја губи смислата на нејзиното формирање.

Македонија е единствена национална татковина на Македонците.

Правото на грижа за Македонците е природно право на државата Македонија, каде и тие да живеат.

Македонскиот јазик, историја, име и идентитет не смееја да бидат и не се монета за политички размена.

Европа може да биде наш партнер само ако прифати дека македонскиот народ постои и со право бара почитување на универзалните стандарди што Унијата самата ги проповеда.

Ако молчиме, се согласуваме со негацијата.

Бидете гласни и кажете: Македонците ги бараат своите човекови права, и во Македонија и во сите соседни држави“, напиша Димовски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk