logo
logo
logo

„Филипче да ги даде УПЛАТНИЦИТЕ ЗА ЏИПОТ И ДА КАЖЕ КАКО ГО НАБАВИЛ СО ПЛАТА“

Vecer | 15.07.2024

 „Филипче да ги даде УПЛАТНИЦИТЕ ЗА ЏИПОТ И ДА КАЖЕ КАКО ГО НАБАВИЛ СО ПЛАТА“

Венко Филипче да ги даде уплатниците за џипот, и да каже како го набавил со плата. Венко Филипче може да се види како се вози во луксузно Ауди Q8, кое го нема пријавено ниту во својот анкетен лист, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие прашуваат Венко Филипче мора да каже како го платил луксузниот џип, и како успеал тоа да го стори со плата?

Доколку џипот не е на негово име, Филипче да каже што услуга завршил на тој што го купил истиот. Никој не купува нов џип од стотици илјади евра и го дава на возење на некој друг, и сосема случајно тој друг да е поранешен министер за здравство и лидер на опозициска партија.

Филипче да не се крие зад партијата, да излезе и да ги покаже уплатниците за џипот, ако ги нема да каже кој му го купил и зошто.

Филипче мора да знае дека тоа што е претседател на политичка партија нема да го спаси од одговорност, стои во соопштението.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk