logo
logo
logo

Потрагата по 16-годишното дете во Вардар е прекината, продолжува наутро

Vecer | 24.07.2025

Потрагата по 16-годишното дете во Вардар е прекината, продолжува наутро

Потрагата по исчезнатото 16-годишно дете во реката Вардар е привремено прекината поради лоши услови за претрага во текот на ноќта.

„Дежурниот оперативен центар на ЦУК е известен дека екипите кои вршеа претрага ќе се повлечат поради немање минимум соодветни услови за претрага во ноќни услови. Утре рано наутро, екипите во взаемна меѓусебна координација ќе продолжат со потрагата“, информираат од Центарот за управување со кризи.

Инцидентот бил пријавен попладнево во СВР Велес – две лица, едно на возраст од 16, а другото од 26 години, потонале во водите на Вардар кај селото Уланци, општина Градско.

„По пристигнување на местото, 26-годишната девојка е пронајдена жива, а по 16-годишното дете сè уште се трага“, соопштија вечерва од СВР Велес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk