Премиерот Мицкоски рече дека имаме чувство дека процесот кон ЕУ се билатерализира, а ние сме жртва на булинг што го прави земја-членка на ЕУ по принципот „ние сме внатре, вие сте надвор, ако сакате да бидете внатре, мора да ги прифатите нашите услови, во спротивно ќе останете надвор“.
– А тие услови немаат ништо заедничко со Копенхагеншките критериуми – рече премиерот, одговорајќи на новинарски прашање што планира да направи Македонската влада за деблокирање на процесот на проширување со оглед на билатералните пречки, особено сега, кога во Буграија се одржаа парламентарни избори.
Мицкоски уште еднаш го повтори ставот дека земјава бара гаранции од Европскиот совет за да го исполни барањето за повторно менување на Уставот.
– Нашата позиција е многу јасна – ние сме подготвени како Влада да седнеме со нашите соседи и да разговараме за надминување на овој проблем, но за нас се поважни гаранциите кои ние ќе ги добиеме и ги очекуваме од Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, дека нема да има дополнителни билатерални прашања кои повторно некој ќе ги отвори. И трето, што правиме со македонската заедница, која, за жал, во Бугарија не може да формира невладина организација, а камоли нешто повеќе и покрај тоа што Европскит суд за човекови права има донесено најмалку 14 пресуди со кои се бара од Бугарија да дозовли барем регистриање невладини организации – рече Мицкоски.
Тој повтори дека Владата има јасна позиција за иднината на земјата, а тоа е ЕУ, но тоа што фрустрира е, вели, билатерализацијата на пристапниот процес.
– Нашата позиција како Влада е јасна – дека иднината на земјата е во рамки на ЕУ и тука немаме никаква дилема. Но, што е тоа што ги фрустрира македонските граѓани и што ја прави македонската европска индина незивесна? Тоа е процесот на билатерализација на пристапните преговори за кој чувствуавме дека за нас е исклучително тежок и фрустрирачки. Ние овој процес го почнавме пред 26 години, кога го потпишавме договорот за ССА, пред 21 година официјално станавме кандидати, а од 2009-та го добивме првиот позитивен Извештај од ЕК за почеток на преговорите. За жал, поради билатералните прашања, овој процес за нас се претвори во приказна без крај. Попатно го променивне своето знаме, ги променивме своите банкноти, неколку пати го менувавме Уставот, а последно го променивме и уставното име. Зарем има втор пример во Еврола што може приближно да каже дека направил нешто како нас во името на европските интеграции? Втор пример нема. И повторно се бара сега од нас промена на Уставот – истакна Мицкоски.


Вашата земја беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби, порача денеска австрискиот канцелар Кристијан Штокер на заедничката прес-конференција по средбата со премиерот Христијан Мицкоски.
Австрија и понатаму ќе биде еден од најголемите поддржувачи на вашиот пат кон ЕУ, кој е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет, додаде тој.
Како што истакна Штокер, пристапувањето мора да биде крајната цел на процесот и истите правила мора да важат за сите кандидати – без брзи и скратени патеки. Геополитичките влијанија и незвесноста, рече, имаат големо влијание поради што е многу важно да не се изгуби од вид Западен Балкан, особено сега.
– Проширувањето на ЕУ е најсилниот и најефикасен инструмент за мир, безбедност и за просперитет. Шесте држави од Западен Балкан се парчињата што недостигаат во европскиот мозаик. Тука не станува збор само за алтруизам и за личен интерес, туку и за проширување на европската безбедносна мрежа во нашето непосредно соседство. За да го унапредиме успешниот проект за проширување на ЕУ, сите треба да ги исполниме потребните задачи. Решението нема да дојде однадвор, ниту од Брисел, ниту од Виена. Време е да ги оставиме зад себе разните гледишта и да преземеме геополитичка одговорност за доброто на нашата заедничка Европа – рече Штокер.
Овие дискусии не се одвиваат во вакуум, додаде тој.
– Агресијата на Русија врз Украина драматично го промени геополитичкиот пејзаж. Оваа ситуација остави влијание и врз Западен Балкан. Затоа најдобро ќе биде црвсто да се закотват Северна Макоднија и целиот регион во нашето семејство – ЕУ. Сега е моментот да размислуваме и да дејствуваме стратешки, не само за Северна Македонија, туку за целиот регион. Регионот не може да дозволи да го пропушти овој геополитички момент – нагласи австрискиот канцелар.
Тој информира дека на средбата со Мицкоски станало збор и за економската соработка.
– Нашите две земји се тесно поврзани, имаат извонредни билатерални односи на политичко, економско и на културно ниво, а дополнително се зајакнати од одлично интергираната македонска дијаспора, која брои 27.000 луѓе, кои го збогатуваат културниот живот во Австрија. Важно е нашето партнерство да го прошириме со нашата визија за европска иднина, што е од заеднички интерес. Ова важи и за економската сфера. Се гордеам што Австрија е најголемиот странски инвеститор со вкупно 1,3 милијарда евра инвестиции. И ние имаме полза од вашиот раст, парнетрството е од заеднички интерес. Над 50 австриски компании се присутни во Северна Македонија и вработуваат повеќе од 9.000 луѓе, главно во енергетиката, упрваувањето со отпад, банкарството, трговијата, градежништвото – напомена австриксиот канцелар.
Штокер потенцира дека централната компонента на средбата бил токму економскиот дијалог. Потсети и дека земјата, заедно со другите држави од регионот, лани се приклучи кон СЕПА и воспостави поефикасни системи за гранична контрола.
– Високи претставници на бизнисот од двете земји ќе имаат директни разговори, а нашата задача како шефови на влади е да отвориме врати низ кои ќе поминат компаниите – истакна Штокер.
Додаде и дека Македонија е високо ценет партнер во ограничувањето на нелегалната миграција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата