logo
logo
logo

СДС на чело со Филипче е ЗАРОБЕНА ОД СТАРИТЕ СТРУКТУРИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Vecer | 23.04.2026

СДС на чело со Филипче е ЗАРОБЕНА ОД СТАРИТЕ СТРУКТУРИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Пораката од роденденот на СДС е поразителна. Одушевувањето, еуфоријата и восхитот од пристигнувањето на нивниот врховен лидер и ментор на Филипче, Зоран Заев јасно покажа кој ги држи конците во СДС, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во текстот се додава:

„Пречекот и аплаузот за Заев се доказ дека Филипче и истите лојалисти на Заев продолжуваат по старата матрица, на заштита на поединци, затворени кругови и игнорирање на гласот на сопственото членство.

Во СДС владеат кланот Заеви и нивниот чирак Филипче, а оние кои не бараат функции туку вредности и принципи остануваат на маргините.

Зоран Заев е синоним на криминалот, корупцијата и предавството на националните интереси на државата. Венко Филипче како негов следбеник и лојалист јасно покажа дека ништо не научиле и дека немаат намера да се променат.

Филипче и истите стари структури лојалисти на Заев продолжуваат по старата шема на заштита на криминалот на поединци наместо промени, катарза и заштита на интересите на членството и државата.

Наместо самокритика и реформи во партијата, Филипче покажа дека е послушник на Заев и интересите на кланот Заеви. Без расчистување со старите структури лојални на Заев нема нов СДС, а без одговорност СДС не заслужува доверба од народот“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk