logo
logo
logo

Кочо Анѓушев им ПОДАРИ КЛАВИР НА УМЕТНИЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ, редок пример од бизнисот за уметноста

Vecer | 01.03.2025

Кочо Анѓушев им ПОДАРИ КЛАВИР НА УМЕТНИЦИТЕ И СТУДЕНТИТЕ, редок пример од бизнисот за уметноста

Ретко се случува македоонски бизнисмен да донира скап подарок за дејност во културата, особено во врвната како што е Факултетот за музилка уметност.

Бизнисменот Кочо Анѓушев му донираше концертен клавир на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а настанот беше одбележан со концерт во Македонската опера и балет, каде на инструментот, кој е од реномиран австриски бренд FEURICH, прв концертираше маестро Симон Трпчевски.

,,Кога слушнав дека Факултетот за музичка уметност последен пат имал нови пијана пред 50 години, таа информација многу ме замисли. За жал, нашата земја никогаш не била доволно богата да може да си дозволи да инвестира во уметноста толку колку што навистина треба и заслужува, вклучително и во образованието на нашите уметници.

Решив да купам концертен клавир од мене лично и да го подарам на Музичката академија. И јас сум професор и знам што ќе значи тоа за студентите и за академијата’’-изјави Анѓушев.

Донацијата беше промовирана со настан во Македонската опера и балет, организиран од амбасадорот на Австрија, Мартин Памер, a во присуство на претседателката Гордана Силјановска Давкова и на министерот за култура Зоран Љутков.

Проф. д-р Анѓушев и компаниите БРАКО и ФЕРОИНВЕСТ досега имаат донирано во образование, здравство, спорт, проекти за општинска инфраструктура и во верски објекти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk