Премиерот Христијан Мицкоски упати жестока порака до домашната опозиција и властите во Софија, истакнувајќи дека нивниот синхронизиран напад и идентични ставови за случајот со Ива Михајлова јасно откриваат дека зад целата операција стои координирана политичка хајка.
Мицкоски подвлече дека крајната цел на овој фабрикуван скандал не е ниту здравјето ниту правдата, туку обид за вештачко кревање политички теми и рушење на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ и владејачката коалиција.
Премиерот јавно ги прозва опозициските лидери и бугарските функционери итно да ги вратат бегалците доколку нивните тврдења се искрени.
„Намерата е да се создаде политичка тема која што тие претпоставиле дека ќе влијае на рејтингот на владејачката коалиција, односно на ВМРО-ДПМНЕ да бидам попрецизен, и на тој начин ќе обезбедат одреден бенефит за опозицијата која што има буквално идентичен став како што има раководството на Бугарија. Еве ако е тоа така договорено, ние ја бараме назад и нејзе, и нејзиниот родител, уште денеска да ги донесат и да видиме дали е тоа така договорено или не е тоа така договорено“, истакна Мицкоски.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата