Попладнево се одржа седница на Извршниот одбор на СДСМ. Членовите на Извршниот одбор на СДСМ донесоа одлука со која е дадена согласност за кандидатури за градоначалници во уште 11 општини низ државата:
1. Бутел - Оливера Ливриниќ
2. Велес - Маја Хеско
3. Гевгелија – Миле Атанасов
4. Делчево – Дејан Глинџарски
5. Демир Капија – Лазар Петров
6. Конче – Благој Илиев
7. Кратово – Влатко Спировски
8. Кривогаштани – Игор Каравиловски
9. Македонски Брод – Ивица Стојковски
10. Ранковце – Даниел Крстевски
11. Старо Нагоричане – Далибор Трајковски
СДСМ јасно ја потврдува својата подготвеност да понуди силни, чесни, квалитетни и докажани кандидати за претстојните локални избори кои ќе работат во интерес на граѓаните и напредок на општините.
Знаете ли некој? СДСМ се пофали со слики само од раководството кое одлучило кого да кандидира.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата