Четири лица од кои три деца се повредени во судирот на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите.
Од СВР Тетово информираат дека во моментов трае увид и се утврдуваат околностите под кои се случила и материјалната штета.
Портпаролот Фатмир Реџепи потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“.
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража има отежнато одвивање на сообраќајот и се создадоа долги колони во двата правци. Во тек е увид, а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата