logo
logo
logo

ПОЖАРИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ОРГАНИЗИРАНА АКЦИЈА, има основани сомневања, оставам органите да си ја завршат работата

Vecer | 12.07.2025

ПОЖАРИТЕ ВО СКОПЈЕ СЕ ОРГАНИЗИРАНА АКЦИЈА, има основани сомневања, оставам органите да си ја завршат работата

„Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција“, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање дали можеби знае нешто во врска со шпекулациите во јавноста дека функционер од ДУИ е вмешан во палењето пожари низ земјава.

„Не би сакал детално да зборувам за тоа. Имаме одредени информации и основани сомневања, посебно дека она што се случи во Скопје е организирана акција. Имаме приведени лица и одземени телефони, оставам на органите да си ја завршат својата работа. Но, докопку се потврдат овие основани сомневања, тогаш одредени личности ќе бидат во сериозен проблем“, рече Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на Музејот на вода во Заливот на Коските во Охрид.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk