logo
logo
logo

Законот важи за сите: Принцот Хари ќе мора да оди на суд

Vecer | 10.12.2023

Законот важи за сите: Принцот Хари ќе мора да оди на суд

Помладиот син на кралот Чарлс III минатата година го тужеше „Associated Newspapers“ поради написот во кој се тврди дека тој се обидел да го задржи во тајност правниот спор со британската влада за полициската заштита што заврши откако тој се повлече од кралските должности во 2020 година.

Весникот во својата сторија го обвинува Хари дека се обидел да ја заведе јавноста дека е подготвен сам да плати за неговото лично обезбедување.

Хари побара од судот да не ја разгледува одбраната на весникот, но судијата пресуди поинаку и дозволи овој процес да заврши на суд.

„Тужбата на војводата од Сасекс сега ќе ги помине преостанатите фази од предистражниот процес и судењето во 2024 година“, се наведува во резимето на одлуката на судот, наведуваат светските медиуми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk