logo
logo
logo

ТИТО на оваа светска убавица и правел штрудла на Бриони

Vecer | 11.12.2023

ТИТО  на оваа светска убавица и правел штрудла на Бриони

Поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито и неговата сопруга Јованка Броз биле домаќини на бројни светски познати личности, кои ги пречекувале на Бриони. Меѓу нив била и позната актерка која ја одбележа историјата на светската кинематографија. Деталите од таа приказна, која со децении ја интригира јавноста, ги открила сестрата на Јованка Броз, Нада Будисављевиќ. Оваа позната актерка и денес е симбол на убавината и стилот, а нејзината позиција во историјата на седмата уметност остана непоколеблива. Станува збор за познатата Софија Лорен!

Имало претпоставки дека меѓу Софија Лорен и Јосип Броз Тито имало чувства кои го надминуваат пријателството. Меѓутоа, сестрата на Јованка Броз Нада Будисављевиќ поинаку гледала на нивниот однос. Еве што се случило пред неколку децении на Бриони.

Актерката поминала 15 дена во ова одморалиште додека во резиденцијата престојувале и Јосип и Јованка Броз, а во вилата „Јадранка“ дошла со својот едно и полгодишен син и дадилката од Швајцарија. Таа редовно разговарала со својот сопруг, познатиот режисер Карло Понти и била многу посветена на грижата за своето тело.

- Секој ден му се јавуваше на Карло Понти. Ја миеше косата со дестилирана вода и нанесуваше маслиново масло како пакување. И таа нејзина коса беше прекрасна. А кога ја фотографираа секогаш го вртеше профилот кој беше поубав. Ова се малите тајни на големите мајстори во кујната. Софија Лорен сакаше да готви, раскажала Нада Будисављевиќ.

А кога ќе се спомне посетата на занесната Италијанка на Бриони, во таа приказна мора да има место за нејзината тестенина со домати, како и за титовите загорски 'штрукли' со јаболка што тој ги подготвувал за својата гостинка.

- Лично го тегнеше тестото на таа маса, го тркалаше. Тој уживаше. Не знам дали знаеше точно како оди рецептот или му помагаше готвачот, но вистина се сам месеше и печеше, додала сестрата на Јованка.

Актерката неколку пати доаѓала во Југославија, еднаш со сопругот Карло Понти. Во бракот со Понти, Софија Лорен ги имаше синовите Карл и Едоард, кој е во брак со актерката со српско потекло Саша Александар. Снаата од Србија секоја година ѝ го честита роденденот на свекрвата посочувајќи дека таа е уникатна жена. Синовите на италијанската дива и подарија четири внучиња. Пред неколку месеци таа доживеа несреќа во својот дом, по што беше оперирана.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk