Тој одлучи да ја спушти својата GoPro камера од крузер додека беше на обиколка на Бахамите и да сними сцени од морските длабочини.
Брзо потона на дното
Иако поголемиот дел од планетата е покриен со вода, всушност знаеме малку за тоа што лежи во длабочините, бидејќи само еден дел е истражен.
YouTuber-от Одисеј Фројлан објави видео кое брзо стана вирално и предизвика бројни реакции.
Тој ја фрли камерата од крузерот, која што брзо потона на дното, веднаш до огромно сидро. Продолжи да снима и „фаќа“ бројни жители на подводниот свет.
Коментари од гледачите
Сè изгледало идилично сè додека не се стемни. Малку морничавата сцена брзо се претвори во хорор филм, кога ајкула одеднаш се појави од темнината.
Коментарите на гледачите го одразуваат тоа како се чувствувале, објавува LadBible.
„Ги гледав слатките риби и си помислив „можеби океанот не е толку страшен“, а потоа ноќната снимка само го потврди мојот страв од длабочината“, напиша едно лице.
Ајкула во темнината
„Има нешто застрашувачко во тоа да се види ајкула како излегува од темнината“, додаде друг.
Трет корисник ја опиша снимката како „сурова, застрашувачка и интригантна во исто време“.
Еден гледач направи важна забелешка: „Ако некогаш се најдете на крузер, не скокајте во морето ноќе, повеќето ајкули ловат тогаш и во основа само ве чекаат“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата