logo
logo
logo

(Видео) СЕ ИСКАЧИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ИАКО НЕМА НОЗЕ... Дали и тој ќе добие одликување од претседателот?

Vecer | 25.05.2026

(Видео) СЕ ИСКАЧИ НА МОНТ ЕВЕРЕСТ ИАКО НЕМА НОЗЕ... Дали и тој ќе добие одликување од претседателот?

Рустам Набиев од Русија, на кој му се ампутирани двете нозе, е првата личност што без протетски екстремитети се искачи на највисокиот врв на светот - Монт Еверест, додека пролетната сезона на качување е во полн ек.

- Успешно се искачи на Еверест. Сега се спушта во базниот камп - изјави Хим Лал Гаутам, координатор на теренската канцеларија на базниот камп на Еверест.

Набиев, поранешен руски падобранец, ги изгуби двете нозе во 2015 година откако се урна зградата на касарната додека спиеше, при што загинаа неколку војници.

По инцидентот, тој се искачи на Елбрус, највисокиот врв во Русија и Европа, со цел да покаже дека и луѓето со две ампутирани нозе се способни да учествуваат во активности на отворено и во планинарење.

Инспириран од тоа достигнување, Набиев во 2021 година отпатува во Непал и успешно се искачи на планината Манаслу, осмата највисока планина во светот, висока 8.163 метри.

Годинава се врати во Непал со цел да се искачи на Еверест и успешно стигна до врвот.

Пред три години, поранешниот војник Гурка, Хари Буда Магар стана првиот што се искачи на Еверест користејќи протетски нозе.

Повеќе од 490 качувачи добија дозволи за експедиции на Еверест за време на пролетната сезона на качување, а обидите за освојување на врвот сè уште се во тек.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk