logo
logo
logo

JА УБИЛЕ МАНЕКЕНКАТА ЗАТОА ШТО НЕ ГО ДОНЕЛА МИРАЗОТ!. Сопругот во притвор, сверкрвата под истрага

Vecer | 25.05.2026

JА УБИЛЕ МАНЕКЕНКАТА ЗАТОА ШТО НЕ ГО ДОНЕЛА МИРАЗОТ!. Сопругот во притвор, сверкрвата под истрага

Смртта на Твиша Шарма, која се случила на 12 мај во градот Бопал, предизвика големо медиумско внимание и секојдневно ги полни насловните страни, пишува Би-би-си.

Оваа 33-годишна манекенка и актерка била во брак само пет месеци со адвокатот Самарт Синг кога била пронајдена мртва во нивниот дом. Тие се запознале преку апликација за состанување. Родителите и браќата на Твиша тврдат дека Самарт и неговата мајка, пензионираната судијка Гирибала Синг, ја злоставувале поради барањата за мираз и дека таа е убиена.

Од друга страна, Гирибала Синг ги нарекла обвинувањата „неосновани“ и тврди дека Твиша имала ментални проблеми, дека се борела со зависност од дрога и дека извршила самоубиство.

Полицијата покрена истрага за смртта поврзана со миразот и истражува дали станува збор за убиство или самоубиство. Сопругот на актерката, Самарт Синг беше 10 дена во бегство а за информации што би довеле до негово апсење беше распишана парична награда. Судот го отфрли неговото барање за кауција и му нареди да се предаде до 23 мај. На неговата мајка ѝ беше одобрена заштита од апсење со кауција.

Судот во Бопал вчера му одреди на Самарт Синг, сопруг на Твиша Шарма, седумдневен полициски притвор во врска со нејзината смрт. Притворот доаѓа еден ден откако Синг драматично се предал пред судот во Џабалпур, предизвикувајќи хаос во судот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk