logo
logo
logo

ЕСКОРТ ДАМИ ОТКРИВААТ како навистина изгледа платен однос: Кога сум во кревет со спонзорот...

Vecer | 28.11.2023

ЕСКОРТ ДАМИ ОТКРИВААТ како навистина изгледа платен однос: Кога сум во кревет со спонзорот...

Ескорт дамите опишаа како го доживуваат секс за пари, а како оној романтичниот со партнерот. Тоа се жени кои се занимаваат со класична проституција или имаат спонзори кои ги финансираат и секако очекуваат нешто за возврат. Тие зборуваа за своите искуства анонимно на Редит.

Некои тврдат дека знаат оти повеќе уживаат во платен секс отколку во интимни односи со дечко, бидејќи „постигнуваат повеќе оргазми“. Други откриле дека понекогаш има многу груб и непријатен секс во кој воопшто не уживаат, особено кога клиентот е дрогиран.

Ова се нивните искуства:

- Можеби звучи чудно, но јас повеќе уживам во сексот со мојот постар спонзор отколку со моето момче. Тој има повеќе искуство во сексот и повеќе трпение од мажите на моја возраст.

- Многу постари луѓе сакаат нечие друштво затоа што се чувствуваат осамено.

- Тие не ги бараат нашите услуги само за да го задоволат својот сексуален нагон, туку сакаат да ја исполнат својата потреба за интимност и љубов.

- Кога имам секс со мојот спонзор, целта ми е да се чувствува како да сум заљубена во него.

- Со некои е многу нежно, има многу бакнување и јас сум стопроцентно ориентирана на нивните желби - Често доживувам оргазам со такви клиенти.

- Речиси секој од нив сака да биде доминантен во спалната соба.

- Три години спиев со маж 24 години постар од мене - тоа беше најдобриот секс што сум го имала во животот.

- Сексот е сосема поинаков кога не се вклучени емоциите.

- Верувале или не, можно е да уживате и во платен и во романтичен секс.

- Ако добро се сложувате со редовен клиент, тој може да ви стане речиси како пријател, а може да се појават и симпатии.

- Можеби луѓето ќе бидат изненадени од тоа што ќе го кажам, но јас никогаш не се чувствувам понижено поради тоа што го работам.

-Кога бев помлада имав момци кои ме третираа како ѓубре и од таквите врски не добив ништо, ниту емотивно, ниту финансиски.

- Ме слуша, добар е и навистина е еден од најпријатните луѓе со кои сум била.

- Луѓето кои не се занимаваат со секс индустријата ни судат и мислат дека таквите врски се понижувачки, но се докажало спротивното.

- И двајцата го добиваме она што го сакаме од таквиот однос и почит еден кон друг, што можеби не е толку вообичаено во традиционалните врски.

-Полесно ми е да имам спонзор и да бидам со него, отколку да излезам да запознаам некого.

- Мажите знаат да бидат посесивни, но со секс за пари мажите едноставно сакаат да поминат малку време со вас и не очекуваат да го промените животот за нив.

- Ми дава пари да ги трошам на себе, ми ги плаќа сметките...

- Најголемата разлика е - дали можам да се опуштам или не, или колку дрога е вклучена во целата приказна.

- Мојот дечко никогаш не би се обидел да ме задави или удри, но на мажите кои ме плаќаат не им е грижа.

- Посакувам никогаш да не го направив тоа. Не знам зошто некогаш реков дека се лесни пари. Сето тоа остави длабока, негативна трага на мојата психа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk