logo
logo
logo

БРИСЕЛ ЛЕЧИ НЕПЛОДНОСТ КАЈ МАЖИТЕ (ФОТО)

Vecer | 23.07.2025

БРИСЕЛ ЛЕЧИ НЕПЛОДНОСТ КАЈ МАЖИТЕ (ФОТО)

Бриселски научници развија метод со вештачка интелигенција за лекување на машката неплодност.

Универзитетската болница во Брисел разви иновативен метод кој би можел значително да ја подобри ефикасноста на третманот на машката неплодност, користејќи вештачка интелигенција за побрзо и попрецизно откривање на сперматозоиди кај пациенти со намалена плодност.

Технологијата наречена „T’easy“ е резултат на соработка помеѓу истражувачи од центарот за репродуктивна медицина „Brussels IVF“ и компанијата „Robovision Healthcare“, а според болницата, оваа алатка би можела да претставува важен чекор напред во областа на асистирана репродукција, пишува Фламанската радио-телевизија (VRT).

„Во случаи кога сперматозоиди не се пронајдени во ејакулатот, се користи постапката на екстракција на тестикуларна семена течност (TESE), што вклучува земање примерок од тестикуларно ткиво од кое се обидуваат да се извлечат сперматозоиди. Доколку се пронајдат, тие се користат за ICSI методот на ин витро оплодување, при што еден сперматозоид директно се инјектира во јајце клетка“, наведуваат научниците.

Постапката, која се користи од 1995 година, им нуди на мажите со намалена плодност надеж за биолошки деца, но нејзините резултати варираат, делумно поради предизвиците во идентификувањето на сперматозоидите во примероците од ткивото.

„‘T’easy’ ни овозможува попрецизно и побрзо откривање на сперматозоиди, со што им обезбедува на потенцијалните родители побрзи информации за шансите за успех на терапијата. Исто така, ризикот од пропуштање на корисни сперматозоиди е значително намален“, објави UZ Brussels.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk