logo
logo
logo

Се формира еден феномен над Европа! Детална прогноза за август: Топлотниот бран допрва ќе се активира

Vecer | 05.08.2025

Се формира еден феномен над Европа! Детална прогноза за август: Топлотниот бран допрва ќе се активира

Поради присуството на низок воздушен притисок на северот од континентот, се создаваат услови за нов топлотен бран кој ќе го зафати поголемиот дел од Европа, објавува „Severe Weather Europe“.

Метеоролошкото лето ги опфаќа трите најтопли месеци во годината — јуни, јули и август. Првите два месеци од оваа сезона донесоа значителни промени во атмосферскиот притисок. Јужните и централните делови на Европа беа под влијание на силен суптропски гребен со висок притисок, додека северот беше изложен на чести циклони.

Можеби ќе ве интересира: По жестокото невреме пристигнува тропски бран! Детална прогноза за Македонија: Температурите ќе надминат 30 степени, eве кога започнуваат горештините

Поради ваквата поставеност, дојде до навлегување на исклучително топла воздушна маса која го зафати поголемиот дел од Европа, освен далечниот североисток. Температурите во делови од Франција, Шпанија и Германија надминуваа 40°C, а дури и Скандинавија забележа ретко жешки денови со температури над 30°C.

Анализата на врнежите покажува дека во голем дел од југот и центарот на Европа имало само 10–15% од вообичаената количина на врнежи. Сепак, подрачјето од источна Франција до Полска било поблиску до нормалата благодарение на зголемена активност на грмежи.

Северните и источните делови на Европа добија повеќе врнежи поради влијанието на циклони, но остатокот од континентот влезе во сериозен период на суша.

Свеж почеток на месецот

Првата недела од август носи развој на циклон над северозападот од Европа, со ладен фронт што навлегува кон централниот дел на континентот. Истовремено, над западна Европа се формира гребен кој го поддржува настанувањето на Росбиевиот бран и постепен премин кон нова фаза на жештина.

Можеби ќе ве интересира:  Временска прогноза: Три града во Македонија ќе „горат“ од температурите

Температурите ќе бидат над просекот на северот и западот, додека централна Европа и делови од југот ќе бидат под влијание на посвеж воздух. Врнежи се очекуваат во Велика Британија, Скандинавија и околу Алпите, додека останатите делови на Европа ќе бидат претежно суви.

Враќање на високиот притисок средината на август

Во втората недела од август се очекува стабилизација на времето со повторно зајакнување на гребенот со висок притисок кој ќе го зафати поголемиот дел од Европа. Централна Европа постепено ќе влезе повторно во фаза на надпросечни температури, додека северот и истокот ќе останат посвежи.

Врнежите ќе бидат минимални на поголемиот дел од континентот, со исклучок на крајниот север, што укажува на враќање на топол и сув режим — таканаречената „топлотна купола“ (heat dome).

Трета недела: нов притисок и повторно жештини

Третата недела од август носи нов пораст на притисокот над западна Европа, со постуден воздух на северот и североистокот. Температурите повторно ќе се зголемат во централните и западните делови, вклучително и јужниот дел на Велика Британија. Се очекува многу малку дожд во поголемиот дел од Европа.

Врело и суво завршување на летото

Во последната недела од август, циклони ќе бидат ограничени главно на северот и североистокот. Доколку дојде до навлегување на постуден воздух кон југот, можно е благо заладување во средна Европа, но доминацијата на висок притисок над западот останува непроменета.

Според сите достапни прогнози, западна и централна Европа во втората половина на август ќе бидат изложени на нов жежок бран и суша. Количините на врнежи ќе останат под просекот, а стабилната синоптичка ситуација не остава простор за поголеми промени.

Ова укажува на продолжување на екстремниот летен временски образец, со потенцијал за нови рекорди во температурите и продолжување на сушниот период, пренесува Блиц. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk