logo
logo
logo

ОВАА НАСЛОВНА СТРАНА ЌЕ И ПРЕСУДИ НА ИМПЕРИЈАТА: Удар врз суетите - „Безос го купува Vogue“

Vecer | 06.07.2025

ОВАА НАСЛОВНА СТРАНА ЌЕ И ПРЕСУДИ НА ИМПЕРИЈАТА: Удар врз суетите -  „Безос го купува Vogue“

Престижниот Вог на насловна страна објави фотографија од свадбата на милијардерот Џеф Безос со неговата сопруга Лорен Санчез. Акционерите на ВОГ (Vogue)  не беа задоволни, го сметаа тоа за “вовлекување“ на милијардерот а истакнувањето на Лорен Санчез на насловната страна за ВОГ за недостоно бидејчи Санчез според нив “не е профил за гламурот и традицијатана“ на ВОГ.

Суетите на двете страни вивнаа. Дали парите ќе решат кој е во право, и кој ја има моќта да определува што е “достојно за гламурот и традицијата“ на ВОГ?!

Сè погласни шпекулации од Њујорк сугерираат дека Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, би можел да ја купи компанијата Condé Nast – издавачот на легендарниот моден магазин Vogue – како свадбен подарок за својата партнерка Лорен Санчез.

Веста се појавува во момент на симболичен пресврт: Санчез се најде на насловната страница на дигиталното издание на Vogue, облечена во венчаница од „Долче и Габана“, лично избрана од модната икона Ана Винтур, која неодамна се повлече од позицијата главен уредник по речиси четири децении на чело на списанието.

Сомнежи зад демантите

Иако Condé Nast официјално ги негира шпекулациите за продажба, внатрешни извори говорат поинаку. Отпуштања, внатрешни реорганизации, трансфери на редакции – сè упатува на структурни подготовки за голема трансформација. Од Лондон до Њујорк, вработени шепотат: „Безос го купува Vogue“.

Дополнителен сомнеж предизвика и оставката на Наталија Гамеро дел Кастиљо – директорка за европски операции, што се смета за клучен сигнал во кулоарите на компанијата.

Таен сојуз: Ана Винтур, Лорен Санчез и Џеф Безос

Повлекувањето на Ана Винтур доаѓа во чувствителен момент, и некои гласови веруваат дека таа директно учествува во стратегијата за продажба. Нејзината блискост со Безос и Санчез, како и децениското влијание во модниот естаблишмент, се гледаат како потенцијален мост помеѓу двете страни.

Тројката – Безос, Санчез и Винтур – веќе со години се дел од првите редови на најпрестижните модни настани ширум светот. Она што досега беше приватно пријателство, може наскоро да се претвори во ново корпоративно партнерство во модната индустрија.

Од новинарски до моден магнат

Џеф Безос не е нов во медиумската арена. Во 2013 година го купи The Washington Post, со што покажа дека поседува сериозни амбиции надвор од технолошкиот свет. Доколку Vogue стане дел од неговото портфолио, тоа би било симболична еволуција – од новинарски кон моден магнат.

Љубовна приказна што може да прерасне во модна империја?

Иако засега сè останува во сферата на шпекулации, идејата Vogue да стане свадбен подарок е веќе сензација што одекнува низ модниот и медиумскиот свет.

Дали навистина љубовта може да донесе сопствеништво над највлијателното модно списание на планетата – останува да покаже времето. Но едно е сигурно: ако се оствари, тоа ќе биде трансакција што ќе го промени лицето на глобалната модна сцена.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk