logo
logo
logo

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Vecer | 08.07.2025

На Клиниката за трауматологија презентиран најмодерен робот за операции на ‘рбет и мозок

Пристигна технологија која веќе го менува начинот на кој се изведуваат операции низ светот.

Станува збор за ExcelsiusGPS™️ – првиот и единствен роботски навигациски систем во светот што овозможува хируршки зафати на ‘рбетниот столб и на мозокот со неверојатна прецизност и сигурност.

Оваа напредна технологија ја носи водечки производител на медицински уреди, Глобус Медикал со цел да го модернизира здравствениот систем и да понуди врвна нега за пациентите во државава. Роботот се користи во водечки болници низ САД, Европа и Азија и сега по првпат е достапен и во регионот.

Првиот и единствен роботски навигациски систем, чија презентација се одржа денеска на Клиниката за трауматологија под раководство на д-р Игор Мерџаноски, комбинира навигација во реално време со роботска рака која на хирургот му овозможува точно и безбедно поставување на импланти и инструменти. Тоа значи минимална можност за грешка, побрзо заздравување, пократок престој во болница и значително намалување на болката кај пациентите.

Воведувањето на првиот и единствен роботски навигациски систем во македонските болници би бил голем чекор напред за нашето здравство. Оваа технологија не само што им помага на лекарите да работат побрзо и попрецизно, туку и го подигнува нивото на нега кое го добиваат пациентите.

Водечкиот производител на медицински уреди е отворен за соработка со државни и приватни болници, медицински факултети и институции во државава. Ќе се организираат бесплатни обуки за хирурзи и медицински персонал, како и јавни презентации за граѓаните за да се запознаат со придобивките од оваа технологија.

Првиот и единствен роботски навигациски систем претставува ново поглавје во македонската медицина, а пациентите во државава ќе добијат третман по највисоки светски стандарди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk