Необичен и опасен инцидент се случи во петокот на аеродромот во Дизелдорф, кога 52-годишна жена се враќала во Германија од грчкиот остров Кос. Додека се обидувала да ја облече својата јакна, ненадејно ја боцнала скорпија која била скриена во облеката. На повредената жена веднаш ѝ била укажана прва помош од итната служба на аеродромот, додека противпожарната служба повикала експерт за кој успеал да ја фати и идентификува скорпијата.
Експертите објасниле дека станува збор за жолта медитеранска скорпија со должина од околу осум сантиметри, која важи за една од најотровните во светот. Иако нејзиниот убод вообичаено не е смртоносен за здрави возрасни лица, може да биде исклучително опасен по живот за деца, постари лица и лица со ослабен имунитет. По консултациите меѓу лекарите од итната помош, центарот за отрови и експертите, пациентката била итно префрлена на универзитетската клиника за понатамошно лекување.
Жолтата медитеранска скорпија е главно распространета во северна Африка, Турција и Арапскиот Полуостров. Интересен факт е дека отровот на оваа скорпија е меѓу најскапите течности во светот и еден литар чини неколку милиони евра, главно поради тешкиот процес на извлекување и неговата примена во скапи медицински третмани и терапии за туморски заболувања.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата