logo
logo
logo

ДИВЕАТ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ - Аларм низ цела Европа!

Vecer | 24.08.2026

ДИВЕАТ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИ ИНФЕКЦИИ - Аларм низ цела Европа!

Бројот на сексуално преносливи инфекции во Европа бележи драматичен и загрижувачки раст во последните неколку години, алармираат европските здравствени институции. Според најновите податоци од Европскиот центар за превенција и контрола на болести, регистрирани се околу 100.000 случаи на гонореа, што е тројно повеќе во споредба со изминатата деценија, додека случаите на сифилис се повеќе од двојно зголемени. Особено е загрижувачки растот на вродениот сифилис, кој се пренесува од мајката на новороденчето и може да има фатални последици, пренесува „Економист“.

Експертите посочуваат дека за овој застрашувачки тренд придонесуваат повеќе фактори, меѓу кои значителниот пад во употребата на кондоми, особено кај младите, но и лажното чувство на безбедност кај одредени ризични групи поради употребата на превентивни лекови за заштита од ХИВ. Дополнително, зачестената промена на партнери и слабиот епидемиолошки надзор во одредени земји ја отежнуваат борбата против ширењето на овие инфекции, кои доколку не се откријат навреме, кај мажите и жените можат да предизвикаат траен стерилитет и сериозни здравствени компликации.

Дополнителен проблем претставува и порастот на бактериски соеви отпорни на антибиотици, како и стигмата и срамот кои сè уште ги одвраќаат луѓето навреме да се тестираат и да побараат лекарска помош. Здравствените власти апелираат на итно подигање на свеста, редовни прегледи кај бремените жени и враќање на основните мерки за заштита, истакнувајќи дека навремената едукација и превентивните кампањи даваат конкретни резултати во намалувањето на инфекциите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk