Јапонците имаат решение за сè, па смислиле и посебен метод за ладење.
Добрата заштита од сонце е една од причините зошто жителите на Земјата на изгрејсонцето изгледаат толку младолико. Познато е дека јули и август се доста пеколни месеци во Јапонија, особено во Токио каде што температурата не паѓа под 30 степени. Но, Јапонците не би биле Јапонци ако не смислуваат решение за секоја ситуација, па затоа смислиле и посебен метод за ладење.
Иако првите денови од летото во Јапонија се дождливи, температурите се претежно високи, поради што многу луѓе се обидуваат да се заштитат од сонцето на секој можен начин. Тие најчесто прибегнуваат кон носење кимона – лесна облека што им овозможува на кожата да дише и не додава дополнителна топлина на телото.
Често може да се видат на улиците, особено жени, како носат мали чадори кои првично биле направени од бамбус, но во посовремени времиња и од други, лесни материјали. Мажите генерално носат конусни капи, кои се поврзуваат со источниот дел на Азија.
Тие честопати прибегнуваат кон покривање на целото тело, па дури и на рацете, носејќи рачно изработени ракавици, за целосно да ја заштитат кожата од штетните ефекти на УВ зраците. Задолжителните „додатоци“ вклучуваат шишиња со ладна вода и мали рачни вентилатори, кои можат да се купат на секој агол.
Сепак, едно нешто е исклучиво јапонски специјалитет. Тоа е крпа за врат (Тенуги) која првенствено се користи за собирање пот, но ако се навлажни со обична вода, крвните садови во вратот ќе се оладат, а со тоа и телото. Важно е да се нагласи дека тоа може да доведе до сериозни последици како што е топлотен удар.
Ваквите марами или шалови се користеле и во војската како посебен систем за ладење наменет за екстремни временски услови. Тие се направени претежно од микрофибер, ткаенина што ја апсорбира потта и функционира исто како јапонски пешкир.
Интересно е што овој шал доаѓа со пластична кеса што можете да ја закачите на вашиот ранец или чанта, така што секогаш ви е при рака. Сè што е потребно е да се намокри со ладна вода, да се исцеди, да се протресе и потоа да се стави околу вратот. Уште подобро е што ефектот трае со часови, а кога ќе помине, само треба да ја повторите постапката.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата